За прв пат истовремено беа лансирани четири балистички ракети „Булава“ од руската нуклеарна подморница 955А „Владимир Мономах“ на Пацифичката флота, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Во соопштението се наведува дека ракетниот оган бил реализиран во рамките на планираната борбена обука, а ракетите биле испукани од Охотското море во правец на полигонот Чиж во регионот Архангелск.
Претходно, само две ракети „Булава“ биле лансирани од подморница истовремено, пренесува Спутник.
Стратешката ракетна подморница „Владимир Мономах“ е нуклеарна подморница од четвртата генерација. Нејзиното главно оружје се 16 балистички ракети Булава.
„Булава“ има дострел од 10.000 километри и може да носи 10 боеви глави со моќност од 150 килотони.