Арбитражниот суд во Санкт Петербург го замрзнал имотот на неколку странски банки во Русија, вклучително и германските банки „Deutsche Bank“ и „Commerzbank“, откако поради наметнатите западни санкци пропадна педвидената изградба на терминал за течен пририден гас за што гарантираше „Deutsche Bank“
Постапката беше иницирана од „RusChimAllianz“, подружница на „Газпром“ која управува со терминалот за течен природен гас (LNG) на Балтичкото Море. Компанијата бара 239 милиони евра од „Deutsche Bank“, објави руската државна новинска агенција ТАСС.
Блокирани средства се хартии од вредност на „Deutsche Bank“ и други компании во кои банката има удели, како и недвижен имот и пари на банкарски сметки. Овие средства претставуваат само дел од средствата на банката во Русија.
Судот веќе претходно седмицава ги замрзна сметките и имотот на италијанската банка „Unicredit“ во Русија. „RusChimAllianz“ бара и 444 милиони евра од „Unicredit“, па судот одлучи да ги замрзне средствата на банката од 463 милиони евра.
Со оваа одлука се засегнати и други доверители. Овој потег доаѓа откако изградбата на терминалот беше откажана поради воведувањето на западните санкции против Русија, а за кој банките финансиски гарантираа.
Во 2021 година, „RusChimAllianz“ склучи договор со германската индустриска групација „Linde“ и градежната компанија „Renaissance Heavy Industries“ за изградба на терминалот. Според пријавата, „RusChimAllianz“ однапред ѝ платил на „Linde“.