Русија зазема централа и ги респоредува трупите, Украина пак најавува контраофанзива

Сепаратистичките проруски сили и единиците на руската војска ја заземаа втората најголема електрична централа во Украина и изведуваат „масовно прераспоредување“ на силите во три јужни региона, објавија од Киев додека повторно ја споменуваат долгонајавуваната контраофанзива во областа Херсон, којашто според западните извори „зема чекор“.

Проруските сепаратисти објавија дека ја земале неоштетената централа на јаглен Воглекарск.

Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Владимир Земелнски, го потврди заземањето на централата во преостанатиот дел од доминантно рускиот источен регион Доњецк кој сѐ уште е под контрола на украинската војска, велејќи дека тоа е „само мала тактичка предност“ на противникот.

Според Арестовил, „се чини дека руското прераспоредување на југот изгледа како префрлање на стратегијата од напад во одбрана, додека испраќаат сили во регионите Мелитопол, Запорожје и Херсон“.

Олексиј Данилов, секретар на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, на Twitter објави дека руската војска „концентрира максимален број војници“ во насока на Херсон, без да наведе детали.

Истовремено, западните воени извори, исто така, без наведување податоци и поединости, велат дека „зема чекор“ украинската кампања за преземање на регионот Херсон, којшто руските сили го контролираат од средината на март и каде новите проруски власти подготвуваат референдум за присоединување на Руската Федерација.

Западните неименувани извори повторно тврдат дека клучниот мост кон градот Херсон „сега не е во функција“ по повеќенеделните гранатирања од украинската војска со ракети со долг дострел од системите HIMARS испорачани од САД. Според истите извори, тоа значи дека „илјадници руски војници сега се во опасност да бидат отсечени од остатокот“ на регионот.

Украинските сили од вторникот стрелале врз херсонкиот мост Антоновски со американските ракетен систем HIMARS, поради што според воени западни извори, преминот е „целосно неупотреблив“. Тие тврдат дека од мостот, еден од двата клучни правци преки реката Дњепар, кој сега е погоден, „останале само остатоци“.

Но западните медиуми не можеле да го потврдат тоа од независни извори, додека руските не споменуваат оштетување на кој и да е мост. Руското министерство за одбрана истовремено соопшти дека поради постојаните ракетирања на мостовите руските трупи преку реката ќе минуваат преку подигнатите понтонски мостови и со траекти.

Истовремено руското министерство за одбрана објави видео во кое се тврди дека во Херсон е откриена и заробена група украински диверзанти која од теренот ги коригирала и насочувала гаѓањата на украинската артилерија.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во вообичаеното ноќно видео-обраќање тврдеше дека Украина „повторно ќе го изгради Антоновскиот мост преку Дњепар и другите премини во регионот“.

„Правиме сѐ за да осигуриме окупаторските сили да немаат логистички можности во нашата земја“, рече Зеленски.

Украинската војска речиси цел месец најавува амбициозна противофанзива, но исто така се предупредува дека инсистирањето на некој голем поттик за Киев со преземање на пример на стратешкиот град Херсон би можело да биде погубно за украинските сили.

Тие, пак рекоа дека на југот од земјата во изминатите 24 часа убиле 66 руски војници и уништиле три тенка и два магацина. Руското министерство во четвртокот сѐ уште не излезе со редовниот дневен брифинг за операциите во изминатото деноноќие.