Русија да се прогласи за спонзор на тероризмот, барање од Украина до ОН

Украинскиот амбасадор во Обединетите нации денеска изјави дека неговата земја наскоро ќе побара од членките на ОН формално да ја прогласат Русија за спонзор на тероризмот.

Јуриј Сергеев на новинариите им изјави дека Украина до Советот за безбедност на ОН ќе поднесе нацрт резолуција, која ќе ја повтори декларацијата на Парламентот што беше усвоена неделава.

Во декларацијата се бара самопрогласените републики на истокот на Украина да бидат прогласени за терористички организации, што формално ја попречува можноста за оддржување мировни преговори со нивните претставници, пренесоа американските медиуми.

Сергеев, исто така, предупреди дека ќе дојде до „голема војна“ доколку проруските сили заземат поголема територија или изградат коридор до Крим, територијата која Русија ја присвои пред една година.