Десет лица загинаа како резултат на судир меѓу минибус и камион, што превезувал дрва во Вибоготскиот регион во областа на Ленинград, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
Тројцата преживеани , меѓу кои е и возачот на камионот се хоспитализирани.
„Сите жртви се наоѓале во комбето. Загинале осум жени и двајца мажи“, изјавил претставник на Државниот инспекторат за безбедност на патиштата.
На местото на несреќата се’ уште се наоѓаат спасувачки екипи.
Отворена е телефонска линија за најблиските на загинатите.