Официјалниот портпарол на руското Министерство за одбрана изјавил дека веста дека Русија и’ поставила ултиматум на Украина е комплетна бесмислица. Интерфакс, кој ја објави оваа вест, како извор го споменува командантот на Руската црноморска флота Александар Витко.
Агенцијата Интерфакс претходно пренесе дека руските сили им се заканиле на украинските трупи на Крим дека ако не се предадат до вторник во пет часот наутро, ќе мораат да се соочат со напад.
Иако новинската агенција Интерфакс објави дека Русија и’ дала ултиматум на Украина да се повлече од Крим, од Москва ги негираат тврдењата.
Портпаролот на руското министерство за одбрана ги негирал тврдењата, опишувајќи ги како тотална бесмислица.