– Ако претходно се сомневавме дека станува збор за одбрана на организацијата Џебхат Ал – Нусра, сега, по вчерашниот напад врз сириската војска, доаѓаме до страшен заклучок, Белата куќа ја брани ИД, истакна Захарова.
– Ако е тоа случај, додаде таа, тогаш можеби токму поради тоа американската страна не дозволува да се објави руско-американскиот договор за Сирија.
– Бараме објаснување од Вашингтон, дали е тоа намерна политика за поддржување на ИД или некаква грешка, истакна Захарова.
Москва побара итен состанот на Советот за безбедност на ОН за вчерашните напади на коалицијата на чело со САД врз сириската војска во источна Сирија во кои, како што тврди сириската војска, убиени се 62 сириски војници, а околу 100 се повредени.