Русија не го променила своето портфолио на државниот долг на САД во јуни 2018 година, и тоа сé уште изнесува 14,9 милијарди долари, покажуваат податоците на американското Министерство за финансии објавени во средата, а Кина и натаму е прва на оваа листа
Во исто време, мајските инвестиции на Русија во јавниот долг на САД паднале на минимумот од 2007 година. Само за еден месец, од април до мај, портфолиото на руските инвестиции во обврзниците на трезорските записи на САД опаднале за трипати. Како резултат на тоа, Русија повеќе не е на листата најголеми носители на американскиот јавен долг.
Лидери во јуни, сé уште се многу голема разлика од другите, Кина која поседува американски должнички хартии од вредност со номинална вредност од 1,18 трилиони долари, и Јапонија со 1,03 трилиони долари.
Во соопштението на американското министерство се наведува дека Русија во јуни годинава го задржала обемот на инвестиции во хартии од вреднсот што ги издава американската влада на нивото од 14,9 милијарди долари. Од листата на 30-те земји кои имаат најголемо ниво од американскиот национален долг, исто така, испаднала и Турција, чиишто инвестиции изнесуваат 28,8 милијарди долари.
Претходно во мај Русија објави дека го намалува обемот на своите инвестиции во американските државни хартии од вредност до 14,9 милијарди долари, откако во април тие изнесуваа 48,7 милијарди долари. Сега, на прагот, односно на 30-то место на оваа листа се Филипини, кои поседувале во јуни 31,6 милијарди долари.
Странските држави поседувале во јуни 2018 година американски хартии од вредност во вкупен износ од 6,211 трилиони долари, додека во мај годинава овој показател изнесувал 6,213 трилиони долари.
Државните обврзници на САД се во посед на странски правни и физички лица, како и компании, фондови и приватни инвеститори. Трговијата со нив ѝ овозможува на американската администрација да ги спроведува јавните трошоци во услови на голем буџетски дефицит. Американските државни обврзници се сметаат за најсигурните хартии од вредост кои се нудат на глобалниот финансиски пазар, иако не се најпрофитабилните.