Оваа изјава ја даде денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој го изнесе предлогот на Москва со овие напади да бидат опфатени конвои на оружје, вклучувајќи ги и они кои стигнуваат во Сирија од Турција.
Шојгу наведе дека предлогот е направен во координација со сириската влада и дека за него, во јорданскиот главен град Аман, е разговарано со американските воени експерти.
– Русија го задржува правото еднострано да врши удари на оние бунтовници во Сирија кои не го почитуваат примирјето, рече Шојгу на состанокот во министерството.