Овие денови кружи шега меѓу руските официјални лицаза она што се случува на Блискиот Исток, и оди нешто вака: Како Јенките ќе се справат со групата на „Исламската држава“? Ќе создадат „Исламската држава 2″, поголема и подобро вооружена група, која ќе се справи со оригиналната група на „Исламската држава“. А, што ќе се случи кога „Исламската држава 2″ ќе се сврти против нив, како што се случи со првичната „Исламската држава? Тие ќе создадат „Исламската држава 3″, и така натаму.
Но, сериозно, подемот и ширењето на „Исламската држава“ не е шега. Сега кога САД и нејзините сојузници конечно ги сфатија опасностите од ширењето на екстремистичката група, Москва е загрижена дека Пентагон и НАТО во Брисел ќе почнат да ги притискаат позициите на „Исламската држава“ со „други цели”, како на пример, со позицијата на сириската армија.
Американскиот претседател, Барак Обама, веќе го најави неговиот план за справување со групата, ветувајќи дека ќе направи „широка коалиција”, која „ќе ги враќа назад“ терористичките закани”. Москва стравува дека САД ќе ја искористат оваа можност за да интервенираат во Сирија.
Либиско сценарио
Според Валериј Фененко од московскиот Центар за меѓународна безбедност, САД, всушност, можат да го користат присуство на „Исламската држава“во Сирија како изговор за спроведување на „либиско сценарио”.
„Американците се обврзани да се обидат да го компензираат нивниот неуспех минатата есен”, вели тој. „Прво, ќе спроведат воздушни напади против терористите, а потоа, паралелно, ќе им помагаат на умерената опозиција. САД може да започнат да создаваат притаени пречки, како што се случи во Босна”, рече тој.
Во секој случај, руските дипломатски напори земаат полн замав. Според еден руски извор, Москва се обидува ги да спречи можните воздушни напади во Сирија од страна на САД, Велика Британија и други земји, на ист начин како што тоа го направи минатата година, кога опасноста од воздушни напади растеше од ден на ден.
„Нашиот народ во арапските и европските главни градови очајно се обидуваа да најдат некое решение минатата година”, рече тој. „Заканата од ескалација на регионална војна во светска војна беше земена многу сериозно од страна на Кремљ. И ова сценарио е во игра повторно.”
Чувството во Москва е дека неодамнешниот самит на НАТО во Њупорт, Велс, пропушти одлична можност да ја вклучи Русија во изнаоѓање решение за ширењето на групата „Исламската држава“. Да не зборуваме и за многу реална закана од овие насилни мажи да влезат во европски земји, па дури и да стигнат до САД.
„Русите ги предупредуваа Американците уште кога изби граѓанска војна во Сирија, дека е многу опасно таму да се вооружува опозицијата “, ми кажа еден поранешен руски генерал, кој бил задолжен за анти-терористичката операција. „Немаше шанси оружјето наменето за т.н. умерена опозиција, да не заврши во рацете на ’Исламската држава’. А многу од оружјето доаѓа и од ’ослободената’Либија.”
Исти бандити
Тоа што ги загрижува руските официјални лица е тврдоглавото одбивање на администрацијата на Обама да разговара со владата на претседателот Башар ал-Асад за можни заеднички напори во победата на „Исламската држава“ во Сирија. Како министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, неодамна рече, нема никаква смисла Запад да и’ помогне на ирачката влада во борбата против „Исламската држава“, а негира соработка до Асад кој се бори со „истите бандити”.
Некои руски аналитичари велат дека поголем проблем на актуелната криза е дека „Исламската држав“ води своја кампања за регрутирање не само на Блискиот Исток туку и во Европа. Голем број Европејци се приклучиле во редовите на групата во изминатите неколку месеци, но ако се земе предвид дека бројот на борци се зголемил – според руските проценки, од околу 6.000 во јуни во повеќе од 30.000 во моментов – може да се претпостави дека станува збор за илјадници млади муслимани кои патуваат од Европа да се борат за она во што тие веруваат дека е света војна.
Опасноста за Русија од „Исламската држава“ е тоа што некои од нејзините членови се од Чеченија и Дагестан, муслимански републики во јужниот дел на Русија, и постои ризик дека групата може да собере се симпатизери и поддржувачи таму, да дури и да почнат да градат своја мрежа низ Кавказ. Поради тоа Москва сега повикува сите страни да направат заеднички напор и да ја уништат „Исламската држава“ пред таа да стане вистински меѓународен проблем.
Сепак, како што посочува претседателот на Академијата за геополитички проблеми, Константин Сивков, воената опција е само дел од решението во справувањето со „Исламската држава“. Тој вели дека воздушните напади нема да бидат доволни и дека од клучно значење е и борбата против таа идеологија , како и отсекување на финансиите, кои сега доаѓаат преку легални банкарски канали.
Војната против „Исламската држава“ е исполнета со опасности. Би можела да излезе од контрола и да го повлече целиот регион во многу поширок конфликт.
Александар Некрасов (Авторот е руски аналитичар и поранешен советник на Кремљ).