Во несреќата на 25 декември рано изутрината загинаа 92 лица, меѓу кои познати руски музичари, новинари и воени лица.
Авионот се урна во Црно Море покрај Сочи на пат за Латакија во Сирија.
Претходно денеска беше соопштено дека една од црните кутии на авионот е пронајдена и оти е пратена на анализа во институт покрај Москва.
Пронајдени се телата на 12 од жртвите и над 155 делови од авионот.