Русија го обвини Вашингтон за воени злосторства во Сирија

© AFP 2017 / Ayham al-Mohammad

Русија, чијашто војска интервенира во Сирија како поддршка на владините сили, објави во петокот дека САД попречуваат сириските бегалци да примат хуманитарна помош, споредувајќи го тоа со „воени злосторства“.

Според Рускиот центар за помирување на завојуваните страни, хуманитарната ситуација е многу тешка во областа на Ат-Танфа, на јорданско-сириската граница, каде што се распоредени единици на меѓународната коалиција којашто ја предводи Вашингтон.

„Најитна е хуманитарната ситуација во областа Ат-Танфа, а виновникот се САД кои таму илегално распоредија воена база и забрани простап до неа на помалку од 55 километри под закана за уништување, одземајќи им ја на десетици илјади бегалци можноста да примаат хуманитарна помош“, се наведува во соопштенијата.

„Дејствувањето на американската војсла и таканаречената меѓународна коалиција грубо е кршење на хуманитарното право и може да се нарече воено злосторство“, се додава во соопштението на Центарот испратено до медиумите.

Руските правни и воени експерти изјвија дека Вашингтон „грубо го нарушува хуманитарното право, и оти неговите дејствија може да се оценат како воени злосторства“.

Сенаторот Франц Клинцевич, изјави дека Русија ќе ја постави ситуацијата со хуманитарната ситуација во областа на Ат-Тафна на разгледување пред Советот за безбедност при Обединетите нации. Пратенкот Јуриј Шветкин, пак, смета дека оваа тема мора да биде дискутирана на мировните преговори меѓу сириската влада и опозицијата кои се водат во Астана под покровителство на Турција, Иран и Русија кои се гаранти на ткн „зони на демилитаризација“.

Десетици илјади Сиријци поради заканата од единиците на САД не можат да дојдат до бегалскиот камп „Ер-Рукбан“, кој се наоѓа во таа област, велат за агенциите очевидци коишто се извлекле од Ат-Танфа.

Според очевидците, американските советнции неодамна крај бегалскиот камп „Ер-Рукбан“ нов вон камп во кој го привлекува милитантите од Источна Каламуна, од боласта Ум Ел-Карјатејин и Сириската пустина. Од нив се формира таканаречната „умерена сириска опозиција“: Националната сириска армија (NSA), чиешто јадро го сочинуваат групациите Даишс Асуад Аш-Шакирија (Источни лавови). Куват Шахид Ахмад Абди и Лива Шухада Ал-Карјатејин (Бригадата на шахидите од ал-Карјатејин.

Од рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија, исто така, обвинуваат дека во неделата дошло до „судир меѓу борците на групаците Бријада на шахидидте од Ал-Карјатејин и Источните лавови во кој загнале 13 бегалци и над 20, меѓу кои и деца биле ранети. Американската страна притоа не им пружила медицинска помош. Фактички сите ранети беа осудени на смрт“, истакнуваат од Центарот.