Русија го суспендираше договорот со САД за неутрализирањето на вишокотот на плутониум

Како причина за раскинувањето на договорот беа наведени „непријателските акции на САД“ и тоа што Вашингтон не ги почитувал одредбите кои биле утврдени.

Споменатиот договор е основа на преговорите кои траеа десетина години, кога нуклеарните сили на САД и Русија одлучија да го спречат повторното користење на плутониум од демонтираните нуклеарни боеви глави, така што ќе го уништат.

Договорот ги обврзуваше земјите-потписници да го уништат плутониумот со цел повеќе да не биде употреблив како нукларно оружје.