Од почетокот на годинава, единиците на Западниот воен округ на руската армија „значително го зголемиле“ борбениот потенцијал, изјави за новинарите во петокот командантот на војските на противвоздушните сили, генерал-полковникот Андреј Картополов.
Од јануари во вооружувањето на споменатиот воен округ на европската граница на Русија се внесени повеќе од илјада единици модерна техника. Картаполов истакнал дека и во новата година ќе продолжи модернизацијата на војските.
Според него, истовремено продолжува големиот ангажман за подобрување на инфраструктурата. Како што пренесува агенцијата РИА Новости, во базата на полигонот Мулино е отворен Центарот за борбена подготовка на Копнените војски, водухопловните сили и поморската пешадија.
„Денес во најсовремената база може да се спроведуваат обуки за борбена подготовка, управување со борбени возила, тестирање на екипажите и пресметки за координација на дејствијата“, рекол Картаполов.
Претходно во октомври министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека до крајот на годината противвоздушните сили ќе добијат повеќе од 1.800 единици нова и модернизирана воена техника.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави недоамна дека уделот на современото оружје и техника во борбените единици достигнала 60 отсто. Во моментов владата ги разгледува проекциите на новата програма за вооружувањето до 2027 година, а најдонца до 15-ти декември таа ќе биде предадена во администрацијата на шефот на државата.
Балтичките, каде што има значително руско малцинство, и скандинавските земји членки на НАТО се чувствуваат особено загрозени од Русија поради нараснатата руска воена моќ и акциите што ги преземаа руските воени сили во судирите во Грузија пред шест години и наводното руско мешање во судирот во Украина кој трае од 2014 година. Особено ги загрижува присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим по референдумот на тамошното населени од март 2014-та на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија. Оттаму земјите од Балтик и Скандинавија инсистираат на надминување на недостатоците во одбраната што е можно поскоро.
Последните години, инаку, на руските граници се изведуваат константни воени маневри на комбинирани сили на Алијансата а воените бази во Полска, Естонија, Литванија и Летонија се зајакнати со постојани ротации на сили на НАТО. Истовремено, Русија изведува чести вежби на своите западни граници и ги засилува ракетните батерии во енклавата Калининград.