Експерти од руското Министерство за одбрана градат водоводна мрежа која би ја поврзала Ростовската област, која граничи со Украина, со регионот Донбас на украинска територија, објави руската државна новинска агенција ТАСС.
Проектот, кој треба да биде завршен за неколку месеци, ќе има капацитет да пренесува 300.000 кубни метри вода дневно, а ќе се состои од две линии во должина од 200 километри, пренесе ТАСС повикувајќи се на извор од Министерството за одбрана.
Водоводниот систем ќе минува низ Ростовската област во Русија и ќе влезе во регионот Доњецк во каналот Северен Донец – Доњецк, кој се протега од реката Северен Донец во близина на градот Раигородок до градот Доњецк.
Во регионот на Донбас ситуацијата со водоснабдувањето стана критична, бидејќи во имзинатите девет години од конфликтот, украинските трупи сили целно ги гранатираат и оштетија објектите за водоснабдување, а оние кои се функционални често не можат да работат поради честите прекини на струја.