Министрите ја разгледаа состојбата и перспективите на руско-хрватската соработка и се обврзаа да дадат дополнителна динамика за развојот на политичката, трговско-економската и културната соработка, соопшти руското Министерство.
Постигнат е договор за реализирање на надворешно-политичките контакти непосредно по формирањето на новиот состав на хрватската Влада, по предвремените избори што се одржаа на 11 септември 2016 година.
Лавров и Ковач размениле и мислење за ситуацијата на Балканот. Двете земји го потенцираат значењето на зачувувањето на Дејтонскиот мировен договор за Босна и Херцеговина од 1995 година и максималното почитување на еднаквоста на двата составни дела и трите државотворни народи во Босна и Херцеговина, наведе руското Министерство за надворешни работи.