За време на средбата во Москва европскиот комесар за енергетика Гинтер Јотингер и министерот за енергетика на Русија, Александар Новак, не успеаја да постигнат согласност по прашањето, поврзано со барањето на ЕК за ревизија на правната база на гасоводот „Јужен поток“, пренесе агенцијата „Прајм“.
Учесниците на состанокот истакнаа дека компромис може да биде постигнат за време на посетата на Владимир Путин во Брисел на самитот меѓу Русија и ЕУ, што ќе се одржи на 27-28 ноември.
Јотингер о Новак истакнаа дека засега е рано да се зборува за постигнување на каков и да е договор.
„Земјте чекор по чекор се приближуваат кон договор. Во моментов е невозможно да се каже точен датум за донесување на конечна одлука. Важно е да се напомене позитивното расположение и желбата да се најде соодветно решение“, истакнале тие.