Русија и Северна Кореја ги укинуваат визите

Министерот за развој на Далечниот Исток, Александар Галушка не го исклучува укинувањето на визита меѓу Русија и Северна Кореја.

-На дневен ред е ставено прашањето за безвизниот режим, но тоа нема да се случи веднаш, изјави министерот, пренесува ТАСС.

Инаку, од почетокот на 2014 година на Русите им е дозволен безвизен влез во Јужна Кореја. Во овој момент безвизен влез во Северна Кореја имаат само жителите на Малезија и Сингапур.