![putin normalna](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/putin-normalna.jpg?resize=262%2C193&ssl=1)
Русија денес воведе економски санкции против речиси 400 поединци и правни лица од Украина, што е нов момент во растечките тензии меѓу Киев и Москва кои траат пет години.
Станува збор за први санкции на Москва против соседна Украина од избивањето на прорускиот бунт на истокот на земјата пред четири години.
Според указот што го потпиша премиерот Дмитриј Медведев, 332 физички лица и 68 украински компании ќе имаат замрзнат имот во Русија.
Меѓу нив се министрите за одбрана и внатрешни работи, јавниот обвинител и началникот на генералштабот на укаринската војска.
Со санкциите е опфатена и поранепната премиерка Јулија Тимошенко која би требала да му биде главна соперничка на претседателот Петро Порошенко на претседателските избори во 2019, покрај лидерот на компанијата Нафтогаз.
На листата на санкционирани се и постариот син на Порошенко, како и поранешниот премиер Арсениј Јацењук.