Челниците на земјите од ткн Касписка петорка, односно Русија, Иран и трите поранешни советски републики Азербејџан, Казахстан и Туркменистан ја потпишаа во неделата во казахстански Акту Коневнцијата а правниот статус на Каспиското Море.
Договорот, кој е замислен со цел да го унапреди економскиот развој, ќе им овозможи на земјите потписнички да имаат воена присутност на море, што се толкува како одредба којашто ќе ја зајакне руската поморска доминација на најголемото светско езеро.
На конвенцијата којашто денеска е потпишана се работеше 22 години, по распадот на Советскиот сојуз кога се покренаа правни прашања за оваа област, вклучително и онаа за опсегот на територијалниот суверенитет
Овој регион располага со огромни резерви од нафта и природен гас, а во тек се преговори за градење прекуморски гасовод кој би ги поврувал Труменистан и Аербејџан и би ја олеснил продажбата на енергенсот во Европа.
Во Акту по завршувањето на петтиот Касписки самит, потписи на конвенцијата ставиле рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, и претседател на Иран, Хасан Роухани.
Путин го нарече самитот на земјите од Касписката петорка со „епохално“ значење. Според него, конвенцијата го гарантиран неприсуството на морето на државите вон регионот.
„Конвенцијата за правниот статус, подготвувана во текот на повеќе од дваесет години преговори, го зацврстува ексклузивното право и одговорност на нашите држави за судбината на Каспиското Море, воспоставувајќи јасни правила за неговото колективно експлотирање“, изјавил Путин на самитот.
Според медиумите, со конвенцијата се регулираат и превозот, риболовот, научните истражувања и воспоставување на магистралните цевководи според правилата кои со консензус ги донеле споменатите држави. При реализацијата на големите прекуморски проекти, факторот на животната средина, исто така, неизоставно мора да биде земен предвид, се додава во документот.