Истрагата на американските агенции за мистериозната масовна болест на американскиот дипломатски персонал на Куба и во Кина покажуваат дека Русија е главниот осомничен за такнаречените акустични напади, објави американската телевизиска мрежа NBC News во вторникот.
Федералното биро за истраги (FBI), Централната разузнавачка агенција (CIA) и истражувањата на другите американски агенции укажувале на наводна вмешаност на Русија, објави телевизијата повикувајќи се на неколку неименувани функционери на САД коишто зборувале за истрагата. Сепак, доказите кои ги поседуваат не се доволни САД јавно да ја прогласат Русија за одговорна, се истакнува во извештајот на NBC News.
Според телевизијата, заклучоците за можната вмешаност на Русија во споменатите инциденти биле направени врз основа на извештаи „пресретнати во рамките на долгата истрага“ спроведена од американските агенции. Изворите на NBC News одбиле да ги откријат содржините на тие извештаи.
Кон крајот на јуни годинава весникот The New York Times објави дека САД вратиле 11 лица од американските дипломатски мисии во Кина во врска со наводите за „акустични напади“. Како што пишуваше весникот, биле забележани истите симптоми на коишто се жалеле американскит дипломати на Кубан.
Американски функционери во јули годинава соопштија дека сé уште ги истражуваат здравствените проблеми во американсата амбасада во кубанската престолнина Хавана и дека не знаат кој или што е во заднината на мистериозната болест, којашто започнала во 2016 година и заразила вкупно 26 Американци. Симптомите вклучуваат губење на слухот, зуење во ушите, вртоглавица, главоболка и замор, што е својствено за „поблага травматска повреда на мозокот“ соопштија претставници на Стејт департментот. Американската дипломатија сопшти во јуни дека вратила и група дипломати од Гуангжи во Кина, поради загриженоста дека патат од мистериозна болест поврзана со повреди на мозокот.
Кубанските власти, коишто спреведуваат сопствена истрага за случајот во Хавана, негираа секаква вмешаност на својата држава или сознание за тоа што е во заднината на оваа тајна болест. Ланскиот октомври официјална Хавана објави дека за неа ткн акустични напади се политичка манипулација. Наводите за таинствените „звучни напади“ коишто кај американски дипломати на Куба предизвикале телесни нарушувања се „политичка манипулација“ за да се поткопаат кубанско-американските односи. „Таканаречените акустични напади (…) се потполна лага“, изјави во Вашингтон кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез. Кубанскиот министер за надворешни работи кон крајот на септември 2017-та на Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека неговата земја не успеала да ја утврди „причината за здравствените проблеми на американските дипломатски функционери“, истакнувајќи дека Куба „нема докази“ дека навистина станува збор за звучни напади.
Американскиот Стејт департмент тврди дека 24 негови службеници на служба на Куба имале здравствени тешкотии поради „акустичните напади“. По откривањето на аферата во август 2017 година, американската администрација не сака официјално да ја обвини кубанската влада, но претседателот Доналд Трамп кон средината на октомври изјави дека Куба е „одговорна“, Белата куќа смета дека Хвана „може да ги спречи тие напади“.
САД веруваат дека против нивните вработени се употребени софистицирани електромагнетни оружја, можеби заедо и со другите технологии, се додава во прилогот на NBC News.
Се нагаѓа дека губењето на слухот би можело да ги предизвика некој вид уред кој емитува нечујни звучни бранови, а кој бил поставен во близина на домовите на дипломатите. Службениците почнале да се жалат на чудни симптоми кон крајот на минатата година. Иако не биле животно загорезен, одреден број од нив се вратени во САД. Според верзијата на Вашингтон службениците на амбасадата биле подложени на „нападите“ кон крајот на минатата 2016 година. Притоа тоа се случувало во разлини периоди и на различни места. Се истакнува дека поради тоа кај службениците се јавиле сериозни здравствени проблеми.