Русија во Светската трговска организација (СТО) го оспори данокот на Европската Унија воведен за низа руските стоки кои се увезуваат во ЕУ.
Основа на оваа одлука на ЕУ е проценката дека индустриските земји имаат користи од увозот на руските стоки од увозот на руските стоки кои се поевтини бидејќи во Русија цената на енергенсите е пониска во однос на Западот.
Ова е прво вакво барање на Москва од пристапувањето на Русија во СТО во август 2012 година. Доставено е во понеделникот во преставништвото на ЕУ во Обединетите Нации, објави руското Министерство за економија.
Русија смета дека нејзината индустрија „поради предрасуди“ е оштетена за „стотина милиони долари годишно“ така што Брисел вовел „корективна енергетска такса“ на низа видови увозни стоки, вклучувајќи ги производите од металургијата и вештачкото ѓубриво од Русија.
Консултациите кои досега ги покрена Москва, се прв чекор низ постапката во СТО преку договор да се најде решение во рок од 60 денови, до 22 февруари. Ако не биде постигнат договор ќе биде формирана група од експерти кои ќе имаат задача да најдат решение.
ЕУ во јули годинава покрена ваква постапка поради рускиот „данок за рециклирање“ на увезени возила.
Преговорите за решение не успеаа, така што на крајот на ноември беше формирана група експерти во СТО за решавање на спорот, и покрај тоа Русија го прошири данокот и на возила од домашно производство.