Руската државна вселенска агенција планира да испраќа „истакнати граѓани“ на Меѓународната вселенска станица (ИСС), бесплатно, во замена за нивните достигнувања, објави шефот на агенцијата во четвртокот.
Вселенската агенција Роскосмос планира да испрати туристи на ИСС кон крајот на 2021 година, според договор потпишан со американската туристичка фирма „Спејс адвенчрс“. Дмитриј Рогозин, шефот на „Роскосмос“, вети дека ќе ги носи туристите на ИСС за пократко време од летот Москва-Брисел, откако товарното вселенско летало минатото лето постави рекорд во пристигнувањето на станицата.
Ќе даваме награди во следната фаза (на вселенскиот туризам). Со други зборови, ќе испраќаме уникатни руски државјани (до ИСС) за нивните уникатни достигнувања“, рече Рогозин, пренесе државната новинска агенција ТАСС.
Тој рече дека наставниците и научниците ќе имаат приоритет меѓу руските вселенски туристи, според бизнис-весникот Комерсант.
Товарниот брод Прогрес МС-11 минатата недела постави уште еден рекорд од 3 часа и 22 минути. Рогозин изјави дека пократките мисии ќе ја зголемат конкурентноста на Русија во индустријата на вселенски туризам.
Едно државно истражување објавено на националниот ден на космонаутиката во петокот покажа дека мнозинството од руските испитаници сè уште ја гледаат својата земја како глобален лидер во вселенското истражување.