![pameten skuter](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/22089671_1595460687171112_746965052780270486_n.jpg?resize=482%2C480&ssl=1)
Раководителот на руската државна компанија за нанотехнологии „Роснано“ Анатолиј Чубајс соопшти дека компанијата OCSiAl (компанија-ќерка на државната корпорација) почнува со производство на смартџетот UJеt, како на „најсовршеното лично превозно средство на планетата“ коешто ќе се прозиведува во 32.000 примероци гоишно.
Смартџет е малогабаритен лесен електричен мотоцикл кој лесно се расклопува и со кој може да се управува со помош на смартфон. Се произведува од лесна пластична маса од типот на пропилен со додаток на наноматеријали.
„Според потрошувачката на енергија за пренос на килограм корисен товар ова е најсовршеното превозно средство на планетата”, напиша Чубајс на својот Facebook профил.
„UJet користи специфична батерија со поголема густина на енергијата од батеријата на Tesla”, истакна Чубајс, додавајќи дека батеријата се наоѓа во седиштето на смартџетот. Според него, компанијата ќе произведува 32 илјади возила годишно, пренесува агенцијата ТАСС.
„Смартџетот се разликува од мотоциклот и велосипедот како што iPhone се разликува од мобилен телефон на копчиња“, додаде директорот на „Роснано”.
Според информацијата објавена на сајтот на UJet цената на ова совршенство е 8.690 евра.
Чубајс наведе некои од карактеристиките на новиот производ. Масата му е до 40 килограми. Моторот со моќност од 4 киловати, тежок 1,86 килограми, е скриен во рамките на тркалото. Стартниот вртежен момент на моторот е повеќе од 110 Nm. Се движи целосно нечујно. Кога е склопен, Ujet може да се влече како мал куфер на тркала.
Клучот за UJet е смартфонот, кој истовремено е и дијагностички уред. Со него управува четиријадрен процесор кој во сервисниот центар непрекинато испраќа 64 параметри. Во UJet се интегрирани GSM, 4G, GPS, Bluetooth, Wi-Fi. Со сите функции на UJet може да се управува без да се тргаат рацете од управувачот, со тастатура или со глас.