Русија има намера наскоро да се повлече уште руски војници стационирани на границата на земјата со Украина, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, потсетувајќи дека нема ограничувања за движењето на руските трупи во Русија, пренесе „АФП“.
Министерот појасни дека откако ќе ги исполнат поставените задачи, руските сили ќе се вратат кон местата каде што се постојано распореди.
Во понеделникот, претседателот на Русија објави дека првиот баталјон ја напуштил границата со Украина, за да се приклучи на деловите во Самара, каде што е постојаната база на војниците.