Русија му нуди најповолен статус на Крим

Руската Дума се подготвува да му понуди на Крим најповолен статус ако се припои кон Руската Федерација, изјавил заменик претседателот на Одборот на Думата за индустрија, Павел Дорохин.

„Некои области во Русија може да имаат статус на региони, територии или автономни републики. Одговарачкиот статус може да биде утврден во консултација со властите на Русија и владата на Крим. Ние сме подготвени да ја поддржиме секој опција земајќи го во предвид мислењето на граѓаните“, вели Дорохин.

Тој вели дека Думата во вторник ќе расправа за припојувањето на Крим кон Руската Федерација ако така биде одлучено на референдумот за отцепување од Украина што се одржува на 16-ти март, јавува „Глас на Русија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.