
Ситацијата со која се соочува Украина не дозволува во моментов во оваа држава да има претседателски избори, бидејќи тие се антиуставни и Русија нема да ги признае за легитимни, рече во интервју за телевизијата „Блумберг“ рускиот премиер, Димитриј Медведев.
Медведев покажа негодување околу обвинувањата дека Русија пробува да присвои и присоедини одредени украински региони.
„Русија не сака да присоедини тертиротии од Украина, тоа е само пропаганда“, истакна Медведев.
Во врска во санкциите кои САД и Европа ги воведоа за Русија, премиерот вели дека тие воопшто нема да и наштетат на државата и нејзината економија, туку ќе придонесат само за поримена на американскиот претседател Барак Обама.
„Санкциите кон Русија нема да и наштетат на државата. Овие сценарија немаат катастрофални последици по нашата економија, единствено ќе и нанесат болка на американската администрација и претседателот кои ќе бидат сменети“, додаде премиерот.
Според Медведев, Русија има план за спроведување на соодветни мерки со кои ќе одговори на американските санкции во зависност од развојот на ситуацијата.
„ Политиката на САД кон Русија, вклучувајќи го и воведувањето санкции покажува дека американската администрација ги турка меѓудржавните односи кон нова студена војна. Всушност ние споро, но сигурно се движиме кон втора студена војна, која не е во интерес на никого“, изјави рускиот премиер.