– Стандардите, содржани во Договорот се многу пониски од оние на Русија, нагласи Министерството.
– Освен тоа изминатите години повеќе пати е забележано дека некои држави ги нарушуваат заложбите на кои се обврзале – да не дозволат доставување на производи со воена назнака во зоните со вооружените конфликти. Договорот во денешната форма има дефекти, кои не дозволуваат целосно да бидат остранети ризиците, од истекување на оружје во незаконската трговија, се вели во документот.
Договорот стапи во сила во 2014 година и има за цел ја регулира трговијата со оружје во светот и да спречи незаконска тровија со оружје. Многумина сепак се незадоволни поради тоа што документот не предвидува санкции за нарушителите, а недостигаат и реални механизми за контрола.