
Оставката на премиерот на Украина, Микола Азаров, е храбра постапка и кон тоа решение треба да се однесуваме со почит, смета претседателот на Комисијата за прашањата на ЗНД во руската Државна Дума, Леонид Слуцкиј, пренесе „РИА Новости“.
„Оставката на Микола Азаров е граѓански смела постапка. Азаров долги години работеше за растот на националната економија, работеше успешно, работеше за благосостојбата на украинскиот народ. И тоа дека сега тој се одлучи на ваков чекор поради мирното решавање на ситуацијата во Украина, за да се смират безредијата, овој страшен пожар на Плоштадот на Независноста, тоа е достојна постапка и кон неа треба да се однесуваме со почит“, изјавил Слуцкиј.