Русија предупредува за манипулирање со информациите во случајот Скрипал

© REUTERS / Metroplitan Police

Русија во средата предупреди за манипулирање со информациите, откако британската полиција објави дека во рамките на случајот со труењето со нервен агенс летвоо во англиски Солсвери на пореншниот двоен руско-британски шпион Сергеј Сркипал и неговата ќерка Јулија, покрена налози за апсење на двајца руски државјани, за коишто официјална Москва наведува дека не ѝ се познати.

„Повторно ги повикуваме Британците да престанат јавно да обвинуваат и да манипулираат со информациите… Имињата и фотографиите објавени во медиумите ништо не ни говорат“, изјави портпаролката на руското министерство за внатрешни работи Марија Захарова и уште еднаш го повика Лондон да соработува со Русија во истрагата за труењето на Скрипал.

Британската полиција претходно во средата објави дека изала налози за апсење за двајца руски државјани осомничени дека се поврезани со труење со нервниот агенс кој го нарече „новичок“ на 4-ти март годинава во Солсбери, недалеку од британката воена база во која има хемиска лабораторија.

„Двајцата мажи, Александр Петров и Руслан Боширов можеби патувале под лажни имиња„, изјави шефот на антитерористичката британска полиција, Нил Басу.

Според истрагата, мажите, на возраст околу 40 години патувале со руски пасоши на имиња Алескандр Петров и Руслан Боширов. Иако во Скотланд Јард не сметаат дека податоците од пасошите се фалсификувани, иследнциие се сомневаат дека не биле под вистинските имиња.

Осомнчинети заедно пристигнале на лондонскиот аеродром „Гетвик“ на 2-ри март со летот SU2588 на руската водухопловна компанија „Аерофлот“, приземјувајќи се во Велика Британија во 15 часот по логални време. Од аеродромот дошле во центарот на Лондон со воз, а потоа со метро дошле до хотелот „ City Stay Hotel“ на истокот од британската престолнина.

На 3-ти март осомничените првпат го посетиле Солсбери со воз од станицата „Ватерло“, „најверојатно, со цел да направат извидување“. Следниот ден тие по вторпат заминале во Солсбери. Камерите од видеонадзорот ги снимиле осомничените на 4-ти март преку ден недалеку д домот на Сергеј Скрипал. Вечерта истиот ден се вратиле во Лондон, и одлетале за Москва со летот SU2585 на компанијата „Аерофлот“. Полицијата објави дека нема причина дека тие потоа се враќале во Велика Британија и упати барање да ѝ се јават сите коишто ги видеке двајцата мажи.

Британското обвинителство издаде три обвинение за двајцата Руси: за конспирациј со цел убиство, за обид за убиство на Сркипал еден бротански полицаец кои е затруен откако им шружил помош во паркот во Солбзери, и за користење и поседување на моќниот нервен отров.

Лондон веднаш објави дека нема да бара нивна екстрадиција од Русија, „бидејќи рускиот закон не дозволува предавање на своите државјани. Но оти европскиот налог за апсење означува дека доколку тие се најдат на територијата на земја на која важи оваа потерница ќе бидат уапсени и може да бидат екстрадирани во Британија.

Овој случај покрена тешка дипломатска криза меѓу Западот и Русија, бран масовни меѓусебни протерувања на дипломати и воведување на нови санкции против Москва, којашто од почетокот тврди дека нема никаква вмешаност во труењето и поставувајќи го прашањето кому таков скандал оди во прилог и зошто Лондон одбива да соработува со неа и поркај тоа што Јулија Скрипал е руска државјанка.