Русија протера поголем дел од полските дипломати во Москва како одговор на неодамнешната одлука на Полска да ги протера руските дипломати од Варшава, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
– За жал, полските власти презедоа непријателска и неоснована мерка, нагласи во соопштението руското МНР.
Поради тоа руската страна како одговор усвои соодветни мерки и неколкумина полски дипломати веќе ја напуштија нејзината територија поради активности кои не се компатибилни со нивниот статус, јави ТАСС.