Руските ракетни системи за против воздушна одбрана што се распоредени во Сирија ќе одговорат на секоја можна закана за авионите што учествуваат во воздушните напади, соопшти руското министерство за одбрана и побара турските воздухопловни сили да ги следат билатералните одредби за безбедноста при летање за кои се договориле Русија и САД, пренесува „Раша Тудеј“.
Руските воздухопловни одбранбени системи овозможуваат рано детектирање на руските летала што учествуваат во мисиите над Сирија и користи адекватни мерки за да се осигура безбедноста при летот доколку е потребно, вели Анатолиј Антонов, заменик министер за одбрана.
Според руското министерство за одбрана Турција одбила да се придржува до договорот помеѓу САД и Русија и го соборила рускиот бомбардер.