Потпретседателот на српската вкда и шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, изјавил дека Русија не предала предлог за резолуција за Сребреница
Така што вечерва во Советот за безбедност на ОН ќе се гласа само за британскиот предлог за резолуција за Сребреница.
Дачиќ за српските медиуми кажал дека дискусијата во СБ би требало да трае три часа и дека после тоа се’ ќе биде познато.
Кога станува збор за руското вето, Дачиќ објаснил дека Србија изнела јасен став кој бил против обидот да се предизвикаат нови поделби.
„Претседателот на Републиката се обратил на сите шефови на државите членки на СБ и ги повика да не ја усвојат резолуцијата. Пратени се писма до сите шефови на државите, па и на кралицата Елизабета. Во протоколарна смисла претседателот постапи правилно, секако дека кралицата нема да одлучува за тоа, туку владата. Не можам да изнесувам претпоставки за вето“, истакнал Дачиќ.
Според него Србија многу вложила за смирувањето со БиХ.
„Србија и српскиот народ, историски гледано, не заслужиле да освен Руанда бидат единствени назначени како сторители на геноцид“, изјавил Дачиќ, оценувајќи дека на основа на британската резолуција, кога се работи за политички последици, некој може да го оспори легитимитетот на Република Српска.
Србија, истакнал тој, е единствена земја во регионот која го осуди злосторот во Сребреница и ги процесуира осомничените за учество во тој злостор, оценувајќи дека зад инсистирањето за резолуцијата лежат интереси на „некои земји кои бараат подмирување сметки со други земи“.
„Ако од сите злосторства и геноциди кои се случиле во 20. Век носиме резолуции само за Руанда и Сребреница, тука очигледно некои земји бараат поле за подмируваање на сметки со други држави. Велика Британија има големи интереси во исламскиот свет и мисели дека на тој начин, најлесно ќе ги подмири сметките кон мала земја како што е БиХ“, додал Дачиќ.