Руското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека Русија и САД се договориле дека е потребно да ја подобрат координацијата за да се избегнат инциденти за време на воени мисии во Сирија, пренесе МИА.
Воени официјални претставници од двете држави постигнаа договор за време на видео конференција, се вели во соопштение.
Пентагон вчера соопшти дека истражува руски воздушни напади извршени во минатата недела врз позиции на сили на сириската опозиција поддржани од САД.