![Belarus Hockey Worlds](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/1792978135382e0e11b2da839601090_orig1.jpg?resize=640%2C470&ssl=1)
Репрезентацијата на Русија е новиот светски првак во хокеј на мраз, откако во финалето на Светското првенство во Белорусија славеа над Финска со убедливи 5:2. Русите беа многу мотивирани на Мундијалот, бидејќи претходно го разочараа на ЗОИ во Сочи, но овојпат се прикажаа во далеку подобро светло.
„Зборнаја“ покажа карактер и во големото финале, па откако кон средината на втората третина се најде во негатива од 1:2, руските хокеари набрзина направија пресврт, го завршија периодот со 3:2 со погодоците на Овечкин и Малкин, пред Зарилов и Тихонов во третата третина да ја осигураат победата и новиот златен медал.