
Русија соодветно ќе и одговори на Турција, доколку таа претставува закана за националната безбедност на земјата, истакна рускиот претседател, Владимир Путин за германскиот весник „Билд“.
Искрено се надевам дека такви случувања нема да прераснат во големи воени конфликти. Но, ако руската безбедност и интереси се под закана, тогаш Русија ќе се спротивстави. Секој треба тоа да го знае, изјави Путин.
Турција е дел од НАТО, но не беше нападната. Затоа, не е потребно НАТО да ја заштитува и нашите проблеми со Турција немаат ништо со членството на таа држава во Алијансата, вели Путин.
Тој нагласи дека е „подобро турското раководство да се извини за соборувањето на авионот, што очевидно беше воен престап, наместо да се жали во седиштето на НАТО“.