Украинската опозиција треба да се откаже од заканите и ултиматумите што ги поставува и да спроведе дијалогот со власта, за да се извади земјата од длабоката криза, се вели во соопштението на руското МНР, пренесува „РИА Новости“.
„Русија е силно вознемирена од желбата на силите на опозицијата во Украина, уште повеќе да ја влошат ситуацијата во земјата. Еден од опозициските лидери јавно ги повика украинските граѓани да создадат единици што ќе патролираат низ улиците и да организираат протести пред обласните администрации. Сето тоа е директно спротивно на изјавите на опозицијата за обврските кон демократијата и европските вредности“, се истакнува во соопштението.