Русија пак сака да ги воспостави добрите односи со Турција но Анкара мора прво да преземе чекори за да се искупи за соборувањето на рускиот воен авион минатата година.
Би сакале нормализација на нашите односи и нивно враќање на нивото од периодот на добрата и обострано корисна соработка, наведе портпаролот на руската влада Дмитриј Песков на пресконференција во Москва.
Но, истовремено, рускиот претседател Владимир Путин јасно даде до знаење дека по тоа што се случи било каква нормализација на односите е невозможна ако Анкара не ги преземе неопходните чекори, изтакна Песков, мислејќи на руското инсистирање Турција да се извини и да плати оштета за соборувањето на рускиот авион, пренесува Ројтерс.
Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган вчера упати писмо до рускиот колега Путин во кое му го честиташе Денот на Русија и изрази надеж дека ќе дојде до подобрување на односите меѓу двете земји, наведуваат извори од турското претседателство.