Во Венецуела во петокот со свеченост е отворено воена школа за пилоти на хеликопштери, објави руската државна компанија за продажба на оружје „Росборнотекспорт“.
„Капацитетот на овој наставен центар ќе им овозможи на венецуелските пилоти да минат целосна обука за работата и користењето на хеликоптерите од типовите Ми-17В-5, Ми-35; и Ми25Т во услови слични на стварнсота“, изјавил Вјачеслав Давиденко, портпарол на руската компанија за руската новинска агенција Интерфакс.
Свеченоста на отворањето на пилотска школа се одржала во петокот во пристуство на „руски и венецуелски стручњаци“, додал Давиденко без да наведе каде овој наставен центар е сместен.
Обуката „ќе им осигури на пилотите посигурна и ефикасна пподготвенсот, како и значително штедење на трошоците за школување“, додал портпаролот потсетувајќи дека венецуелските војници веќе се обучувале во русија на симулатори на летање.
Давиденко рекол и дека центарот е изграден врз основа на договорот меѓу Венецуелската анонимна компанија за воена индустрија (CAVIM) и „Рособоронекспорт“ кој е дел од рускиот воено-индустриски комплекс „Ростех“.
Венецуела последните седмици стана новата тема за меѓусебни обвинувањеа во новата Студена војна меѓу САД и Русија. Вашигнтон го признава самопрогласниот привремен претседател Хуан Гуаидо и бара заминување од власта на Николас Мадуро кој во декември лани го освои вториот претседателски мандат, а Москва ги обвинува САД дека сакаат да изведат воен удар во оваа латиномаериканска земја со докажани најголеми резерви од нафта на светот.