Товарен воз, кој превезувал 32 цистерни со кондензиран природен гас, излетал од шините кај рускиот град Киров, по што е предизвикан огромен пожар.
Според првичните информации нема жртви, соопштило руското Министерство за вонредни ситуации.
Несреќата се случила околу пет часот по локално време. Десетина цистерни се запалиле поради што се евакуирани повеќе од 400 лица кои живеат во околината, навело тамошното министерство.
„Според првичните информации нема жртви“, стои во соопштението на министерството.