Русија го возвраќа ударот. Бомбардирани 448 цели на ИД (Исламска Држава) во три дена, во рамки на воздушната кампања во Сирија.
Во последните три дена, како што соопштуваат светските медиуми, руските сили направиле 137 прелетувања на сириска територија и уништиле 448 цели каде имало инфраструктура на ИД.
Тоа што оваа офанзива на руската авијација следеше непосредно откако ИД превзема одговорност за нападот на рускиот Ербас во Египет, кој се урна со 224 патници, според странските медиуми беше окарактеризирано како возвраќање на ударот.
Во последните бомбардирања уништени се повеќе клучни објекти на ИД, меѓу кои и еден магацин за оружје.
Во последните три дена руските авиони направија 137 прелетувања на сириска територија и уништија 448 објекти на терористите во Алепо, Дамаск, Идлиб, Латакија, Рака, Хама и Хомс, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.