
Русија денеска и одреди на својата Црноморска флота, воена единица на Крим, да ја тестира воената готовност, јави ТАСС.
– За време на вежбите ќе ја процениме ефикасноста на воената команда, поморските сили со кои располага, како и воздушната одбрана и крајбрежните единици на флотата, рече генерал-полковник Александар Галкин.
Галкин додаде дека тестирањето ќе го поминат единиците во рамки на Црноморската флота која има 11.000 војници, вклучувајќи поморски и воздушни постројки околу градовите Севастопољ и Симферопољ на Крим.