Русите ги зголемиле инвестициите во недвижности во Турција за речиси 200 проценти

Руските инвестиции во недвижности Турција се зголемиле за 199 проценти во првите девет месеци од годинава, во споредба со истиот период од 2021, покажаа податоците од турскиот статистички институт. Според нив, руските граѓани купиле околу 9.311 домови во периодот од јануари до септември годинава.

Продажбата на имот на странци в целата земја се зголеми за 32.5 отсто на годишно ниво за периодот и достигнаа 49.644 единици. Во деветте месеци најмногу имот ил продаден во Истанбул, 19.594 недвижности. Потоа следуваат Анталија со 14.656, Мерсин со 2.596, и Анкара со 2.295. Западниот Измир и црноморските провинции Самсун и Трабзон влегуваат во десетте „најжешки“ дестинации за посочениот период.

Од март досега, има брз пораст на купените живеалишта од руски и од украински граѓани. Во првите девет месеци од лани година, Русите имаа купеносамо 3.115 единици недвижен имот. Бројот на Украинци кои купиле недвижности исто така бележи пораст од 125 отсто, достигнувајќи 1.775 купени домови.