Руските претставници ќе го очекуваат одговорот на Украина за средбата во белорускиот град Гомел до 15 часот по локално време, изјави водачот на руслата делегација Владимир Медински.
„Смирено го предлагаме: сега е пладне. До 15 ќе бидеме тука и ќе го чекаме одговорот на украинската страна за потврда на одликата да дојдат на преговори во Гомел. Штом ја добиеме потврдата и ќе се сретнеме со нашите колеги за преговорите. Ние сме за мир. Доколку преговорите бидат одбиени, целата одговорност за крвопролевањата ќе биде на украинската страна. Ние сме тука до 15 часот и го чекаме договорот од украинската страна“, рече Мединскиј.
Одговарајќи да појасни, рекол дека станува збор за локлано белоруско време до 15 часот.
Покрај Медински во делегациајта се високуи претставнции на нивно на заменици министри за одбрана, за надворепни работи, рускиот амбасадот во Белорусија и челникот на надворешнополитичката комисија на рускиот парламент, Леонид Слуцки.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја отфрли можноста за учество на украинска делегација на средба во Белорусија, обвинувајќи ја оваа земја дека наводно од нејзина територија биле лансирани проектили кон Украина.
„Доколку немаше агресивни дејствија од вашата територија, би можеле да разговараме во Минск… Секако дека сакаме мир, сакаме да се сретнеме, сакаме војната да заврши. Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку, им ги понудивме на Русите. Би ни одговарал и кој било друг град, во земја од чија територија не се гаѓаат проектили кон нас. Само на тој начин преговорите можат да бидат фер и навистина да се стави крај на војната “, изјави Зеленски.
Белорускиот претседател Александр Лукашенко веднаш реагираше дека од неговата земја не е изведена ниедна операција во рамките на руската офанзива, но забележа дека од украинска територија на белоруска се пренесува оружје кое е наменето за опозициските милинтантни групации во Белорусија.
Покрај тоа, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека токму украинската страна го избрала Гомел за место на средбата.
„Градот Гомел беше предложен од украинската страна, токму од украинската страна, како место за преговори. Како што веќе рековме, руската делегација е подготвена за преговорите и е на самото место“, рече Песков.
Во руските политички кругови сѐ повеќе е присутно меннието дека или Западот му забранил на Зеленски да преговара со Русија или тој е под закана од екстремните националистички групации во Украина.