
Советот на Руската Федерација, едногласно го усвоил предлог законот за раскинување на руско – украинскиот договор за Црноморската флота на Крим.
За одлуката гласале сите 134 членови на Горната Дума на рускиот парламент. Претходно, Државната Дума, долниот дом на парламентот, исто така одобрила раскинување на договорот за стационирање на руската флота на територија на Украина.
Законот за да стапи на сила, мора да биде потпишан од рускиот претседателои од Украина., Владимир Путин.
Овој договор веќе не и’ е потреен на Москва, откако Крим по своја волја се одвои од Украина. Република Крим и градот Севастопољ, кој има специјален статус на Крим, на 18 март потпишаа договор за пристапување кон Руската федерација, по референдумот на кој повеќето од граѓаните гласаа за одвојување од Украина и припојување кон Русија.
Руското министерство тогаш соопшти дека Украина може да го повлече својот воен имот од Крим.