Русите го запреа проектот за изградба на Турски поток

Проектот за изградба на гасоводот Турски поток е запрен, изјави мнистерот за енергетика на Русија, Александар Новак.

– Преговорите за Турски поток се прекинати. Продолжуваат преговорите за изградба на нуклеарна електроцентрала во Турција, истакна Новак.

Рускиот министер вели дека не е неопходно да се намалува производството на нафта и дека не очекува членките на ОПЕК да ги изменат квотите на утрешната средба во Виена.