Собранието на општина Будва подготвила одлука за издавање на 30 години под закуп 10 хектари од своето земјиште за изградба на Воден град, објавија локалните медиуми.
Станува збор за проект на ридот Топлиш над Будва, кој што дури две години бил интерес на специјалната обвинителка Ѓурѓина Нина Ивановиќ, пренесува Вијести.
Поставувани се голем број прашања во врска со реализацијата и подготовките за оваа работа, на кој начин се земени кредити, што е со милионски вредната опрема, купувањето уште пред седум години а, која требало да биде монтирана на ридот како рекреативна и туристичка атракција.
Водениот град, прв од таков вид, е смислен уште во 2006-та година, кога тогашниот министер за туризам Предраг Ненежиќ поставил камен темелник, но од тогаш досега ништо не се направило освен што Општината на себе го презела кредитот од 1,6 милиони евра која го подигнала тогашниот партнер компанијата “Нимерик трејд лимитед“ на име купување опрема.