Русите треба да одлучат како понатаму, бидејќи ова сега нема да ги однесе никаде, смета воен аналитичар

Првичната стратегија на Русија во Украина не успеа и нејзината војска сега мора да одлучи што да прави понатаму, изјави висок воен аналитичар за Би-Би-Си.

Филипс О’Брајан, професор по стратешки студии на Универзитетот Сент Ендрјус, рече дека многу странски набљудувачи тргнале по „полесниот пат“ со претпоставката дека руската воена супериорност ќе надвладее во војната. Сепак, тоа било погрешно, бидејќи тие не го зеле в предвид прашањето дали руските војници се подготвени да ризикуваат, рече тој. Во исто време, капацитетите на Украина биле потценети, додаде.