Руското Министерство за одбрана објави дека експертите идентификувале фрагменти од ракети на снимката од местото на експлозијата во Полска и наведуваат дека тие се „идентификувани како елементи на украинскиот С-300“.
Во вторникот вечерта паднаа две ракети во село во Полска, при што загинаа две лица.
Се верува дека ракетите се од руско производство, но се уште не е јасно „од каде и како“ пристигнале на територијата на членките на НАТО.
Полското Министерство за надворешни работи веднаш по инцидентот соопшти дека паднале ракети од руско производство, а амбасадорот бил поканет на разговор.
Во исто време, претседателот на Полска, Анджеј Дуда истакна дека се уште нема точни информации.
Министерството за одбрана на Русија синоќа посочи дека армијата не гаѓала цели во зоната на украинско-полската граница и дека „сите изјави на Варшава за вмешаност на Москва се провокација“.
Според американскиот претседател Џо Бајден по итниот состанок на лидерите на земјите од Г7 и НАТО, прелиминарните податоци не потврдуваат дека паднатиот проектил полетал од Русија.