Руска амбасада за изјавите на Пендаровски: Русија не се мешала, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава

Реакција од Руската амбасада во Македонија на изјавата на претседателот Стево Пендаровски, според кој „Руската Федерација преку хибридни напади ги злоупотребува протестите“ против францускиот предлог, како и дека „сè соочуваме со сериозна кампања на дезинформации продуцурана од Русија, иста како по Преспанскиот договор“.

„Обрнавме внимание на изјавите на Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски во интервју за ТВ каналот „ТВ 21“ на 8 јули и за весникот „Етнос“ на 10 јули во врска со деjствата на Русија во РСМ и во балканскиот регион во целина.
Ги отфрламе обвинувањата упатени против нашата земја – Русија не се мешала, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава, вклучително и Северна Македонија, – и покрај тоа што се обидуваат да ја фатат со ова.

Ова е во спротивност со самата филозофија на руската надворешна политика. Добро е познато дека ваквите обиди никогаш не го носат посакуваниот ефект и на крајот ги дискредитираат оние кои прибегнуваат кон такви методи.
Ние го почитуваме било кој избор на македонскиот народ, подготвени сме и понатаму да ја градиме нашата соработка заснована токму на ваквата основа – на меѓусебно почитување и еднаквост.